Search

Успешен тест пред ЕП: Македонските ракометари убедливо против Кувајт

Во првиот контролен натпревар како подготовка за Европското првенство следниот месец, вечерва македонската сениорска репрезентација со 31:21 триумфираше над Кувајт.

Првото полувреме не најавуваше така убедлив триумф на избраниците на селекторот Кирил Лазаров кои имаат само минимално водство од 14:13.

Но, серијата на стартот од вториот дел од 8:0 се покажа како клучна за конечниот епилог на средбата одиграна во Маврово.

Најефикасен во нашите редови беше Серафимов со седум голови, пет имаше Талески, по четири Ојлески и Маџовски.

По трипати во листата на стрелците се запишаа Ѓорѓиев и Костески, два погодоци запиша Георгиевски, а по еден Младеновиќ, Симоноски и Петров.

За два дена овие две селекции повторно ќе ги одмерат силите, а како што е веќе најавено македонската репрезентација ќе одигра пријателски натпревари и против Израел во Скопје на 3 и 4 јануари 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави