Search

Тери се враќа во Челзи да се грижи за младинската школа

Легендата на англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи, Џон Тери ќе се врати во клубот од Лондон по пауза од речиси пет години. Поранешниот капитен на тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе ја добие довербата да се грижи за младинските категории.

Тери го напушти Челси во 2017 година по освојувањето на шампионската титула и својата последна сезона како активен фудбалер ја одигра во дресот на Астон Вила во Чемпионшип дивизијата. Кога Астон Вила се врати во Премиерлигата, Тери ја заврши играчката кариера и почна тренерска во сручниот штаб на тогашниот менаџер Дин Смит, од каде замина минатото лето.

Тери за Челзи настапи на 717 натпревари и постигна 67 голови. Пет пати ја освојуваше Премиерлигата и ФА Купот, а по еднаш Лигата на шампиони и Лигата на Европа.

Треба да знаете
Последни објави