Search

Стеф Кари погоди 105 тројки по ред !

Стеф Кари, од редовите на Голден стејт е најдобриот шутер во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот НБА. Тој на тренинг постигна 105 тројки по ред !

Кари пред две недели стана најдобриот шутер за три поени во лигата. На вечната листа тој го престигна Реј Ален. Историската 2.974 тројка, Кари ја постигна во храмот на кошарката „Медисон Сквер Гарден“, во Њујорк. Кари до оваа бројка стигна по само 798 натпревари, а Ален својот рекорд го оствари по одиграни 1.300 натпревари.

Погледнете го најдобриот шутер на сите времиња и неговата серија од 105 тројки.

Треба да знаете
Последни објави