Search

Серафимов во тимот на полусезоната во Унгарија (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов имаше одлични настапи за Залаегерсег во првенството на Унгарија и го заслужи местото во најдобриот тим по првиот дел од сезоната. По доаѓањето од Академија Пандев, младиот дефанзивец веднаш се наметна во новиот клуб, одигра 16 натпревари и беше стрелец на четири гола.

Залаегерсег по првиот дел од шампионатот се наоѓа на петтата позиција, а Серафимов се најде во тимот на полусезоната во Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави