Search

ПСЖ има намера да го купи Нуно Мендеш за 40 милиони евра

ПСЖ е задоволен од настапот на младиот одбранбен фудбалер Нуно Мендеш оваа сезона. Летото парискиот клуб го изнајми 19-годишниот од Спортинг на една сезона со опција за откуп од 40 милиони евра.

Раководството на Пари Сен-Жермен веќе размислува да го откупи играчот на крајот од сезоната.

Мендеш оваа сезона одигра 10 натпревари во Лига 1 и играше на сите шест натпревари во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави