Search

Пелистер убедлив на дербито со МЗТ Скопје

Кошаркарите на Пелистер вечевра забележаа убедлива победа со 93:78 на гостувањето кај актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром. За битолчани ова беше 12. триумф на исто толку натпревари во македонската Прва лига.

На дербито во СЦ „Јане Сандански” со кое заврши полусезоната најефикасен беше Игор Кесар од гостинскиот тим со 30 поени, во поразениот тим се истакна Дамјан Стојановски со 16 коша.

Резултати на другите натпревари од ова коло:
Ангели – Куманово 76:104
Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка 87:89
Гостивар – Еуро Никел 106:105
ТФТ – Кожув 80:66
Навико Академија ФМП – Феникс 95:75.

Табела: Пелистер 24 бода, МЗТ Скопје Аеродром 21, Навико Академија ФМП 20, Гостивар 19 Работнички 19, Еуро Никел 2005 18, ТФТ 18, Феникс 2010 18, Кожув 17, Куманово 2009 16. МЗТ Скопје Уни Банка 14, Ангели 12.

Треба да знаете
Последни објави