Search

Гвардиола: Манчестер сити не може да игра брзо како Ливерпул

Трофејниот шпански фудбалски стратег Пеп Гвардиола важи за тренер чиј тим актуелниот англиски првак и лидер Манчестер сити игра фанзивен и атрактивен фудбал. Но, сепак Гвардиола признава дека неговиот Манчестер сити не може да се мери со Ливерпул кога е во прашање офанзивната игра.

Гвардиола го истакнува нападот на Ливерпул кој според него е поразличен од сите други екипи.

– Ние играме како што играме, не можеме да напаѓаме побрзо од ова, ние не сме Ливерпул. Ливерпул се господари за брзата игра во нападот, најдобри. Ние не сме блиску до нив во тој поглед. Ние знаеме да движиме и да играме со топката. Тоа што имаме трпение, не значи дека сме бавни и мрзливи, со топката наметнуваме ред на теренот и се обидуваме да ја стабилизираме играта. За нас е клучна топката, кога ја имаме во свои нозе, тогаш сме сигурни и стабилни како тим, ние функционираме на тој начин – вели Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави