Search

Во ПСЖ ќе има распродажба за да са запази финансискиот фер-плеј и да се избегне евентуална казна од УЕФА

Минатото лето, ПСЖ не ги реализираа плановите, продадоа фудбалери во износ од само 9.000.000 евра, во исто време во клубот пристигнаа Лионел Меси, Џиџи Донарума, Жоржињо Вајналдум, Ашраф Хакими и Серхио Рамос.

Дупката во финансискиот фер-плеј е голема и покрај тоа што минатото лето, ПСЖ, обештетување плати само за Хакими.

На „Паркот на принцовите“ подготвуваат голема распродажба поради финасискиот фер-плеј и избегнување на евентуална казна од УЕФА. Извесно е дека Рафиња ќе се пресели во Реал Сосиедад, а Приз би требало да го напуштат Јулијан Дракслер, Абду Дијало, Тило Керер, Лавин Курзава и Серхио Рико.

Наводно за Дијало и Керер клубот планира да добие по 25.000.000 евра, додека се надеваат дека Дракслер ќе го продадат за 15.000.000 евра.

Најмногу пари во клубот би требало да донесе трансферот на Мауро Икарди.

Треба да знаете
Последни објави