Search

Сити му даде шест гола на Лестер, нови победи за Арсенал и Тотенхем

Атрактивен фудбал и многу голови донесоа првите четири средби од Боксин-Деј програмата во Премиер лигата.

Најефикасно беше на „Eтихад“ каде актуелниот лидер и бранител на трофејот, Манчестер Сити славеше над Лестер со неверојатни 6-3. „Граѓаните“ имаа извонредно прво полувреме во кое го нокаутраа противникот со 4-0 со головите на Де Брујне, Марез, Стерлинг и Гундоган.

„Лисиците“ одговорија во вториот дел и во периодот од 55 до 65 минута дојдоа до 4-3 благодарение на Медисон, Лукман и Ихеначо. Сепак фаворитот не дозволи сензација, епски кам-бек на гостите, па во преостанатиот дел ја зацврсти одбраната, а пак во нападот со погодоците на Лапорт и Стерлинг ги потврди трите бода за продолжување на победничката серија.

„Граѓаните“ имаат 47 бода или во моментов плус шест во однос на Ливерпул и плус девет од Челси, тимови кои имаат одиграно по еден натпревар помалку.

Сигурна победа на гости кај Норич Сити оствари Арсенал (0-5), кој продолжи со одличната форма во домашното првенство. Бакајоко Сака беше најдобар играч за „топџиите“, со два постигнати гола. Неговата рана реализација го промени текот на натпреварот и ја олесни работата за тимот на Микел Артета. Пред паузата домашната мрежа ја затресе уште Киран Тирни, а противникот беше дотолчен со пеналот на Александер Лазает и голот на Емил Смит Роу.

Тотенхем ја продолжи низата без пораз на домашниот натпревар против Кристал Палас (3-0). Хари Кејн и Лукас Моура во период од само две минути во завршницата од првото полувреме го одлучија победникот. Триумфот е потврда на добрата игра која ја прикажува лондонскиот тим под палката на Антонио Конте. Црвениот картон на Вилфред Заха пред финишот го искористи Хеунг-Мин Сон за да го постави конечниот резултат.

Интересно беше во Лондон, каде Вест Хем загуби од Саутемптон (2-3). Гостинската екипа двапати водеше, но „чеканите“ се враќаа во игра преку Антонио и Бенрама. На крај човек на одлука за „светците“ беше Беднарек на дваесет минути до крајот.

Треба да знаете
Последни објави