Search

Расисти кои навредуваат преку интернет нема да можат да одат на стадиони во Англија

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател предложи закон според кој за расистички навреди на Интернет на лице може да му биде забрането да присуствува на фудбалски натпревари до 10 години.

– Ова лето видовме одличен натпревар кој беше нарушен со расистички говор на Интернет. Овие луѓе се криеја зад нивните тастатури и ги навредуваа играчите на Англија. Фудбалот предолго е извалкан со расизам. Луѓето треба да одговараат за своите постапки на Интернет. Предложените измени во законот ќе воведат забрана за присуство на фудбалски натпревари за прекршителите, рече Пател за „Sky Sports”.

Претходно, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) се пожали на расистички навреди кон англиските фудбалери по финалниот натпревар на Евро 2020 против репрезентацијата на Италија (1:1, 2:3 пенали). По натпреварот, навивачите ги навредуваа Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака, кои промашија пенали.

Треба да знаете
Последни објави