Search

Ливерпул ќе го направи Салах најплатен фудбалер во Премиер лигата

Англискиот Ливерпул ќе го направи својот играч Мохамед Салах, најплатен фудбалер во историјата на Премиер лигата. „Црвените“ подготвуваат на Сахал да му дадат годишна плата поголема од 30 милиони евра со новиот договор за да остане на „Енфил Роуд“. Актуелниот договор на египетскиот фудбалски интернационалец му завршува во 2023 година. Салах во Ливерпул пристигна во 2017 година од Рома. Ливерпул со Салах во тимот во 2019 година стигнаа до европската титула, а една година потоа и до премиерлигашката титула по пауза од 30 години.

ЕСПН објави дека Ливерпул подготвил неверојатни 592 илјади евра неделна плата или преку 30 милиони евра годишно, со што би бил апсолутен рекордер според заработка во најсилната лига во моментов.

Под оваа плата е Кристијано Роналдо, а во светски рамки само Нејмар и Лионел Меси заработуваат над 30 милиони евра годишно, додека наскоро се очекува и Килијан Мбапе да ја мине „магичната граница“, без оглед дали ќе премине во Реал Мадрид или ќе остане во ПСЖ.

 

Треба да знаете
Последни објави