Search

(Видео)Њујорк ја декласира Атланта

Кошаркарите на Њујорк Никс и Атланта Хокс ја отворија Божикната програма во НБА лигата, Во „Медисон Сквер Гарден“, Никс забележаа лесна победа 101:87, против тимот кој настапи без осум стандарни играчи.

Никс од почетокот ја контролираа играта и резултатот. Отворија со 14:3, првиот период го добија со 30:21. До последната четвртина, предноста на Никс се движеше од пет до 11 поени. Во решавачката четвртина пресуди серијата од 8:0, со која Њујорк дефинитвно го решија победникот.

Џулиус Рендл го предводеше Њујорк со 25 поени и 12 скокови, Кемба Вокер забележа трипл-дабл со 10 поени, 10 скока и 12 асистенции. Вокер е седмиот играч во историјата кој успеал да забележи трипл-дабл за Божик.

Колинс и Рајс се истакнаа кај Атланта со по 20 поени. Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ шуторески одигра лош меч, погоди два од 12 обиди, мечот го заврши со осум поени, пет скока и четири асистенции.

Треба да знаете
Последни објави