Search

Барселона ако сака да го види Димитриевски во својот тим треба да плати 6 милиони евра

Шпанскиот фудбалски ла-лигаш од предградието на Мадрид, Рајо Ваљекано чиј член е македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Столе Димитриевски не сака да преговара со Барселона за продажба на својот голман. Рајо не отстапува од откупната клаузула на Димитриевски која за предвремен раскин на договорот изнесува шест милиони евра.

Доколку Каталонците како што објавија вчера некои тамошни медиуми, сакаат да го доведат Димитриевски во своите редови ќе мора да ја платат оваа сума.

Димитриевски сезонава блеска на голот на Рајо, кој игра над сите очекувања и се наоѓа на  4.место. Тој е еден од најдобро оценетите голмани во Ла Лига.

Треба да знаете
Последни објави