Search

Финец го разнесе својот електричен автомобил откако му кажале колку треба да плати за замена на батерија

Незадоволен сопственик на „Тесла-ес“ во Финска го детонираше своето електрично возило – заедно со кукла со ликот на основачот на „Тесла“, Илон Маск – во знак на протест поради трошоците за замена на батеријата.

Туомас Катинен го разнесе својот Tesla S – модел 2012 година – со 30 килограми динамит откако му откажа батеријата и се соочи со сметка за поправка од 17.000 фунти (22.000 долари), пренесуваат британски медиуми.

Наместо да ги собере парите, 26-годишникот контактирал локални јутјубери Youtubers Pommijätkät т.н. „бомбаџии“, кои решиле да му помогнат да го разнесе автомобилот.

Цената на овој модел, за кој не важи гарнација дека е од постарите, е околу 73.990 фунти (100.000 долари).

„Тесла“ и Маск се соочија со бран поплаки за трошоците за замена на батеријата, при што гаражи од трети страни (независни сервиси) нудат замена за една четвртина од цената.

Треба да знаете
Последни објави