Search

По четвртото обвинување за сексуален напад, Крис Нот повеќе нема да дава коментари

Крис Нот „ќе остави жетоните да паѓаат каде што можат“ откако ги негираше првите наводи за сексуален напад.

67-годишниот актер е обвинет за недолично однесување и сексуален напад од страна на четири жени, од кои две се огласија со нови наводи откако Нот веќе ги негираше тврдењата на првите две жени.

Но, откако четвртата жена јавно ги изнесе своите тврдења оваа недела, Крис рече дека се држи до својата претходна изјава и дека нема да дава нови коментари.

Тој им рекол на папараците додека шетал во неговиот кварт во Масачусетс: „ Имате моја изјава, нели? Јас останувам на мојата изјава. Сега ќе оставам чиповите да паднат каде што ќе паднат. Мојата изјава е моја изјава, тоа е сè што можан да направам во моментов“.

Актерот од „Сексот и градот“ прво беше обвинет од жена која тврди дека ја силувал во 2004 година кога имала 22 години, додека втората жена тврди дека дека имала состанок со актерот во Њујорк пред тој наводно да ја нападне.

Нот потоа беше обвинет дека постапувал недолично кон актерката Зои Листер-Џонс на снимањето на „Закон и ред“.

А најновата наводна жртва, пејачката Лиза Џентајл, тврди дека актерот се однесувал непримерно кон неа во 2002 година бакнувајќи ја и допирајќи ѝ ги градите против нејзина волја.

Тој категорично ги дематираше наводите минатата недела. „Обвинувањата против мене од поединци што сум ги запознал пред години, па и децении, се целосно лажни“.

Треба да знаете
Последни објави