Search

Мареј доби покана за настап на Австралија опен

Шкотскиот тенисер Енди Мареј доби покана за настап на првиот сезонски грен-слем турнир Австралија опен, објавија денеска организаторите. Мареј последен пат настапи на турнирот во Мелбурн пред три години, а своето последно финале го одигра во 2016 година кога загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ.

Мареј изминатите години се бори со повредата на колкот поради што падна на АТП листата на 134. место.

Минатата недела шкотскиот тенисер настапи на егзибицискиот турнир во Абу Даби каде го совлада Шпанецот Рафаел Надал, а во финалето загуби од Русинот Андреј Рубљов.

– Многу сум среќен и возбуден поради тоа што повторно ќе можам да играм на Австралија Опен. Му благодарам на Крег Тилеј и неговата екипа за оваа исклучителна можност, изјави Мареј за веб страницата на турнирот, кој започнува на 17 јануари.

Треба да знаете
Последни објави