Search

Буфон: Јувентус ја загуби својата ДНК со доаѓањето на Роналдо

Легендарниот голман на повеќекратниот италијански фудбалски шампион Јувентус, Џанлуиџи Буфон ги лоцира катастрофалните резултати сезонава на „старата дама“  во пристигнувањето на Кристиано Роналдо во Торино во 2018 година. Буфон кој помина 21 година во Јувентус, смета дека Португалецот Роналдо иако важи за еден од најдобрите играчи во изминатат декада е главниот виновник за резултатскиот крах на тимот од Торино.

-Не можев да си ја објаснам елиминацијата од Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Играв со Роналдо две години и имавме многу добри односи, но мислам дека ја загубивме нашата ДНК со него, која не разликуваше сите претходни години и што не носеше на патот до финалето на Лигата на шампионите во 2017 година. Бевме тим полн со искуство, но уште поважно, бевме како една група. Имаше натпреварувачки дух во групата, а со доаѓањето на Роналдо го загубивме тоа, изјави Буфон кој сега како ветеран на 43 годишна возраст е во редовите на тимот каде поникна Парма кој се натпреаврува во Серија Б.

Треба да знаете
Последни објави