Search

Рекордна победа за Сити, ново реми на Челси

Екипата на Манчестер Сити ја продолжува неверојатната резултатска серија откако прикажа уште едно убедливо издание, овојпат против Њукасл против кој славеше со 4:0.

Избраниците на Пеп Гвардиола покажаа надмоќ над претпоследнопладираниот тим на табелата, Њукасл.
Во првиот дел Сити постигна два гола преку дефанзивците Рубен Дијас и Жоао Кансело.

Во вториот дел Сити постигна уште два гола преку  Марез и Стерлинг и ја потврди убедловата победа со која остана на врвот на табелата во Премиер лигата.

Сега „граѓаните“ имаат најмногу победи во историјата на Премиер лигата во календарска година, вкупно 34. Тие на последните три средби реализираа дури 12 голови. Воедно, со денешните погодоци, тимот стигна до бројката од 105 во оваа календарска година со што го надмина рекордот од 104 поставен во далечната 1929 година (104 гола)

Челси втор меч по ред игра нерешено и направи чекор назад во борбата за титулата. Играчите на Томас Тухел ремизираа без голови на гостински терен против Вулверхемптон.

На првото место се наоѓаат „граѓаните“ на Пеп Гвардиола со 44 бодови, шест повеќе од лондонските „сини“ на третата позиција.

Треба да знаете
Последни објави