Search

Норвежанките светски шампионки, Франција даде само 6 гола за 30 минути

Селекцијата на Норвешка е победник на 25. Светско првенство за жени кое изминатиов период се играше во Шпанија.

Скандинавките во големото финале славеа над Франција со 29-22 и тоа откако одиграа пеколно во второто полувреме.

На теренот во Гранољерс по првото полувреме не се најавуваше дека Норвешка на крајот ќе дојде до трофејот. Франција беше таа која доминираше во првите 30 минути, трипати имаше и позитива од шест голови разлика, а заминаа на пауза со плус четири (16-12).

Меѓутоа по паузата комплетно се сменија работите и новиот шампион „газеше“ на двете страни на теренот како во нападот така и во одбраната.
Норвежанките го неутрализираа противникот и со 17-6 направија целосен пресврт и ја освоија четвртата мундијалска титула.

Рејстад со шест гола беше најпрецизна кај победникот, додека на спротивната страна четири гола постигна поранешната вардарка, Пино.

Во малото финале Данска беше подобра од домаќинот Шпанија со 35-28.

Треба да знаете
Последни објави