Search

Лејкерси без Дејвис до февруари

Поразот од Минесота тимбервулс во прексиноќешната пресметка е најмалата грижа за луѓето во ЛА Лејкерс, пред сѐ поради фактот што на оваа средба се повреди една од двете најголеми ѕвезди во тимот, Ентони Дејвис.

Крилниот центар го повреди коленото во второто полувреме, по што не се врати на паркетот, а лекарските прегледи направени вчера утврдија дека проблемот воопшто не е наивен. Тој ќе мора да мирува најмалку четири недели, што значи дека за него 2021 година е веќе завршена, барем што се однесува до кошаркарскиот дел.

Прашање е дали тој воопшто ќе се врати и во јануари, што само ќе ги дополни проблемите меѓу „езерџиите“, кои подолг период мачат голема мака со повредените и болните со коронавирусот кошаркари, поради што во моментов се на шестото место во Западната конференција.

Дејвис во досегашниот дел од сезоната просечно реализираше 23,3 поени со 9,9 скокови.

Треба да знаете
Последни објави