Search

Бруклин забрзано бара нови кошаркари поради проблеми со коронавирус

Новиот бран коронавирус во Соединетите Американски Држави сè повеќе им наштетува на клубовите во НБА лигата, а во моментов најтешка е состојбата во редовите на Бруклин.

Еден од главните фаворити сезонава за освојување на титулата, заклучно со саботата пријави осум кошаркари во Ковид протоколот, меѓу кои и Џејмс Харден и Кевин Дурант.

Поради големите проблеми поврзани со позитивни играчи на коронавирус, раководството на Бруклин, како што јавија синоќа американските медиуми, забрзано преговара и потпишува десетдневни договори со повеќе кошаркари без ангажман.

Со ефект од 21 победа и осум порази, Бруклин е актуелен лидер во Источната конференција во НБА лигата.

Треба да знаете
Последни објави