Search

Херта по пресврт ја шокираше Борусија

Борусија Дортмунд и дефинитивно го губи чекорот зад водечкиот Баерн Минхен во германската Бундеслига, откако вечерва дозволи пресврт на гостувањето во Берлин и загуби од Херта.

„Милионерите“ поведоа со голот на Брандт во 31-та минута и работите тргнаа посакувано за нив по почетниот поништен гол на Херта, но во продолжение примија три гола во низа и тоа беше потврда за големиот пресврт на домаќините.

Белфодил израмни на 1:1, а потоа на сцена стапи Рихтер. Најпрво со „бомба“ ги „здрма“ гостите, а потоа погоди и со послабата лева нога за 3:1.

Борусија не се откажа и до крајот се врати во игра, но голот на Тигс беше последен на мечот кој заврши со 3:2.

Со овој пораз, „милионерите“ сега имаат девет бода помалку од првопласираниот Баерн, додека Херта направи скок и стигна до 11-то место на табелата.

Треба да знаете
Последни објави