Search

Лазаров со гол на 18 секунди пред крајот му донесе на Нант финале на Лига купот

Капитенот и селектор на македонската репрезентација, Кирил Лазаров е најзаслужен за пласманот на Нант во финалето на Лига купот. Нант во полуфиналето го совлада Монпелје со 27:26 и тоа благодарение на Лазаров кој го постигна голот за победа.

На десет минути до крајот резултатот бил 22:22, во завршницата Монпелје водел со 26:24, но Емил Нилсен ги запрел нападите на противникот на Нант, за Лазаров на осумнаесет секунди до крајот да ги постави конечните 26:27, комплетирајќи ја мини-серијата за пресврт и победа.

Македонскиот капитен и селектор постигнал вкупно 2 гола, а најефикасни кај Нант биле Ривера со 8 и Балегер со 5 гола, додека Нилсен собрал 17 одбрани.

Противник на Лазаров и Нант во финалето фна Лига купот ќе им биде Шамбери кој приреди големо изненадување со победата од 29:28 над ПСЖ.

Треба да знаете
Последни објави