Search

И Дурент позитивен, Ирвинг ќе игра невакциниран

Бруклин се приморани да го вратат Кајри Ирвинг во тимот откако најдобриот кошаркар на САД и на Нетси, Кевин Дурент е позитивен на Ковид 19.

Челниците на најсилното натпреварување му дозволија на невакцинираниот кошаркар да тренира со „мрежичките“, но во секој момент мора да има пет негативни теста по ред за да биде во друштво на останатите соиграчи. Засега не е познато кога ќе почне да игра, со оглед што во НБА важи правилото дека на терен може да се најдат само кошаркари кои се имунизирани против коронавирусот и тоа со две дози.

Дури и да добие дозвола од НБА, Ирвинг нема да може да игра на домашните средби на Бруклин поради правилата во сојузната држава Њујорк, која не дозволува невакцинирани луѓе да влегуваат во сали. Исто така, тој нема да може да игра за својот тим на средбите во Канада.

Вирусот силно удри по Нетс, бидејќи Дурант е вкупно осмиот играч позитивен на Ковид-19. Олстарот играше неверојатно изминатиот период, кога ги немаше останатите кошаркари и на последните четири натпревари постигна 34, 34, 51 и 31 поен.

Тренерот Стив Неш не може да смета на Пол Милсап, Ламаркус Олдриџ, Џејмс Џонсон, Деанре Бембри, Џевон Картер, Џејмс Харден и Брус Браун.

Треба да знаете
Последни објави