Search

Арсенал го растури десеткуваниот Лидс

Во единствениот натпревар кој денеска се играше во Премиер лигата, Арсенал како гостин славеше со убедливи 1:4 над Лидс. Требаше да се одложи, ама натпреварот меѓу Лидс и Арсенал сепак се одигра.

Тимот од Лондон воопшто не е виновен, туку челниците од Премиер лигата кои што дозволија оваа средба да се игра.

Лидс на овој меч имаше на располагање само 11 играчи од првиот тим од кои двајца голмани.

Голем број од фудбалерите не настапија поради повреда, за волја на вистината, но, на само неколку часа пред почетокот, двајца играчи на Арсенал испаднаа позитивни на Ковид-19 вирусот.

Сепак, промена на одлуката за играње немаше, па затоа гостите си дојдоа до лесни три бода со двата гола на Мартинели (16′,28′), Сака (42′) и Емил Смит Роу во 84-та минута..

Единствениот гол за домаќините го постигна Рафиња од пенал во 82-та минута.

На оваа средба, Мартинели, Сака и Смит Роу испишаа нова историја на Арсенал, „топчиите“ за прв пат имаа тројца различни играчи до 21 година во листата на стрелци.
Сега Арсенал има 32 бода и е на четврттото место во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави