Search

Франција е првиот финалист на женскиот ракометен мундијал

Со негатива од четири гола во 40-та минута, Франција направи кам-бек и успеа да ја победи Данска, 23:22 пласирајќи се во финалето на 25. Светско ракометно првенство за жени.

Со нивниот петти последователен пораз во полуфиналето на Светското првенство за жени на ИХФ, Данска ја повтори судбината од Италија 2001 и Бразил 2011 година, кога без пораз отидоа во полуфиналето, но не успеаја да обезбедат место меѓу првите две селекции во светот.

Актуелниот олимписки шампион во финалето во недела ќе се соочи со победникот од вечерашниот меч помеѓу Норвешка и Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави