Search

Првата машка кошаркарска лига продолжува со четири натпревари

Четири натпревари од единаесеттото коло од Првата машка кошаркарска лига ќе се одиграат викендов. Поради обврските во АБА 2 лигата, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, мечевите од ова коло ќе ги одиграат на 23-ти декември.

Во сабота од 16 часот во големата сала СЦ „Јане Сандански” – Скопје ќе се сретнат екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и Феникс 2010. Од 17 часот е закажан натпреварот помеѓу Ангели и Еуро Никел 2005 во сала „Независна Македонија” – Скопје.

Работнички – Куманово 2009 и Гостивар – Кожув ќе се сретнат од 18 часот, а натпреварите ќе се играат во СРЦ „Кале” – Скопје, односно сала „Младост” – Гостивар.

МЗТ Скопје Аеродром и Навико Академија ФМП, како и ТФТ – Пелистер ќе си ги измерат силите на 23 декември.

Табела: Пелистер 20, МЗТ Скопје Аеродром 18, Навико Академија ФМП 16, Работнички 16, Гостивар 15, Еуро Никел 2005 15, Кожув 15, Феникс 2010 15, ТФТ 15, Куманово 13, МЗТ Скопје Уни Банка 11, Ангели 10.

Треба да знаете
Последни објави