Search

Норвешка и се придружи на Франција во финалето на ракометното СП

Ракометната репрезентација на Норвешка ќе и биде ривалот на Франција во финалето на женското Светско првенство кое се одржува во Шпанија. Норвешка во вториот полуфинален натпреавр вечерва убедливо ја совлада домашната селекција на Шпанија со 27-21. Норвежанките доминираа во текот на целиот меч иако Шпанија успеваше од време на време да се доближи резултатски.

Нора Мерк со осум голови беше најдобрата ракометарка кај Норвешка, Дале постигна седум. Во составот на Шпанија, Барбоса реализираше пет пати.

Во првото полуфинале попладнево Франција ја совлада Данска (23-22).
Треба да знаете
Последни објави