Search

Надал се врати на тенискиот терен и загуби од Мареј

По четиримесечната пауза, Рафаел Надал денеска се врати на терен и загуби од Енди Мареј на егзибицискиот турнир „Светско првенство во тенис Мубадала”.

Шкотланѓанецот го совлада стариот ривал Рафаел Надал со 3-6, 5-7 во полуфиналето од тридневниот настан во Абу Дабу.

Последниот меѓусебен меч оваа двојка го имаше во мај 2016 година, кога Мареј го победи Шпанецот со 7-5, 6-5 во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид.

Следниот меч на Надал ќе биде со Денис Шаповалов, во битка за трето место, додека, Мареј утрешното финале го игра против Андреј Рубљов.

Треба да знаете
Последни објави