Search

Интер и „пукна петарда“ на последнопласираната Салернитана

Актуелниот италијански фудбалски првак Интер вечерва ја победија Салернитана со 5-0 во рамките од 18. коло во Серија А. Интер тргна офанзивно од првата минута и беше јасно дека Салернитана ќе може да го избегне поразот пред своите навивачи. Гостите од Милано одиграа одличен натпревар и на крајот сосема заслужено ги освои планираните три бода од пресметката со последнопласираниот тим во Серија А.

Перишиќ и Думфрис во првото полувреме стрелаа во мрежата на Салернитана. Голеадата продолжи и во второто полувреме со погодоците на Санчез, Мартинез и Галјардини, кои ги поставија конечните 5-0.

Интер е прв на табелата со 43 бода, односно четири повеќе од второпласираниот Милан. Трета е Аталанта со 37, а Наполи има 36 на четвртото место.

Треба да знаете
Последни објави