Search

Внесете ја новогодишната атмосфера во вашиот нов дом 

Започнува волшебната магија од годината,кога децата сонуваат за Дедо Мраз, а возраснитесо насмевка на лицата уживаат во прекрасниот топол амбиент,со планови и очекувања за посреќна, подобра и поуспешна година.

Иако иоваа година ќе имаме поинакви празници поради настанатата ситуација со корона вирусот, сепак во секој дом, секое семејство треба да ги одбележи празничните мигови.
За да ги направиме престојните празници уште поубави ви предлагаме неколку предлози и совети, за да го уредите вашиот нов дом и волшебните празнични моменти да ги поминете во убавамбиент и добро расположение.

Елката е најпрепознатливиот симбол на овој празник, се вели дека предизвикува чувство на топлина и радост. Во повеќето домови елката го зазема централното место во домот и е највпечатливиот декор. Под неа се оставаат сите подароци. Таму се доживуваат најголемитеизненадувања и радости кога часовникот ќе ги одброи последните секунди од старата година и ќе ја означи новата година.

Светилките на елката создаваат пријатна атмосфера во вашиот нов дом подигајќи го расположението за прослава и радост.

Не го заборавајте божиќниот венец поставен на влезната врата од вашиот дом како бесконечен симбол на великодушност, давање и собирање на семејстовото.

Не ја пропуштајте можноста за време на овој период од годината софата да ја направите дел од новогодишното украсување. Вметнете неколку перници со новогодишни мотиви и поставете удобно ќебе над креветот и веднаш ќе ја забележите разликата. Како дел од празничните украси нека ви биде иБожиќната ѕвезда, која ќе ве исполни со надеж за поубави и поуспешни мигови во годината што следи.

Семејната вечера е најзначајниот момент за време на Новогодишните и Божиќните празници. Покрај убаво зготвената храна, украсете ја масата со празнични детали, новогодишни чинии, салфети и чаршав. За време на вечерата се разменуваат најсреќните мигови, сите се весели и насмеани.

Тимот на Саник се надева дека овие предлози и совети ќе ви помогнат да се подготвите за предстојните празници, и да ги поминете во убав амбиент и добро расположение со вашите најблиски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави