Search

Верстапен продава еден од своите автомобили за добротворни цели

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, собира пари за добротворни цели продавајќи еден од болидите што ги возел во своето слободно време.

Холандскиот тркач ја продава својата Honda Civic Type R на CarNext, платформа за онлајн продажба на автомобили и еден од неговите спонзори.

Автомобилот на Верстапен ќе се продава на 23 декември во 12 часот по средноевропско време, со цена од 33.333 евра. Собраните пари ќе одат во добротворни цели.

– Само што ја возев колата за последен пат да видам дали е сè во ред и е супер, вели Макс во видеото на CarNext. 

Треба да знаете
Последни објави