Search

Баерн го растури Волфсбург, а Милер и Левандовски испишаа историја

Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен со убедлива победа од 4-0 против Волфсбург во бундеслигашката конкуренција се одјави за годинава што заминува. За Баварците ова беше последен меч во 2021 година, а за Томас Милер беше 400-ти настап во Бундеслигата во дресот на Баерн (има 133 гола и 193 асистенции).

Милер ја шпочна голеадата, а му асистираше за деби гол на Дајо Упамекано како играч на Баерн. Лирој Сане со мајсторски прецизен шут од далечина зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Роберт Левандовски и постави нов рекорд симнувајќи го Герд Милер од врвот на вечната листа по број на постигнати голови во една календарска година во бундеслигашката конкуренција. Полјакот годинава постигна 43 гола, а Герд Милер во 1972 година даде 42 гола во германската прва лига. Во сите натпреварувања годинава, Левандовски даде вкупно 69 гола.

 

Треба да знаете
Последни објави