Аргентинскиот фудбалски интеранционалец Серхио Кун Агуеро на 30 октомври годинава го одигра својот последен натпревар во кариерата во дресот на Барселона против Алавес кога поради болка во градите предвреме замина во соблекувалната, а деталните лекарски прегледи утврдија дека никогаш повеќе нема да може да игра. Оваа вест ја потврдија и медиумите блиски до Барселона, а в среда на прес-конференција се очекува истото да го потврди и самиот Агуеро.
Аргентинецот пристигна во Барселона летово како големо засилување, а одигра 165 минути за тимот од „Камп Ноу“ кој сезонава е во голема финасиска и резултатска криза. ЈАгуеро (33 г.) ја започна својата кариера во Индепендиенте, а во периодот од 2006 до 2011 година го носеше дресот на Атлетико Мадрид. Потоа, 10 години мина во Манчестер сити и стана легенда на клубот со 260 гола, најдобар стрелец во историјата на клубот со кој пет пати беше шампион на Англија, освои уште 10 трофеи и играше во финалето на Лигата на шампионите минатата сезона.