Search

Чави не е задоволен: Неповолна ждрепка за нас уште во првата нокаут рунда

Чави Ернандес беше прилично лут откако Барселона не успеа да им се врати на победите и во домашната Примера, бидејќи неговиот тим вчера ремизираше 2:2 на гостувањето кај Осасуна, резултат кој тренерот на Барса го осуди како недоволно добар.

Само неколку дена претходно, Барселона за првпат во последните 20 години испадна во една групна фаза во Лигата на шампионите и своето европско патешествие го продолжува во Лигата на Европа, натпреварување за кое денеска беше извлечена ждрепката.

Барселона оди на мегдан со Наполи во првата нокаут рунда во Лигата на Европа, ждрепка од која воопшто не е задоволен Чави кој вели дека им се паднал противник од калибар на Лигата на шампиони.

– Ни се падна непосакуван противник, ждрепката не е баш поволна за нас. Ни се падна тежок ривал кој има ниво за Лигата на шампионите.

– Како и да е, пресметката со Наполи ќе биде празник за фудбалот во чест на Марадона. Остануваат два месеци до тие пресметки и ќе видиме кој ќе биде во подобра форма во тој момент, – изјави Чави.

Треба да знаете
Последни објави