Search

Точно напладне ждрепка за двојките од осминафиналето во ЛШ

Денеска напладне (12 часот) во Нион седиштето на УЕФА ќе се одржи ждрепката за осминафиналните двојки во елитното клупско фудбалски натпреаврување Лигата на шампионите. За првпат по 17 години  во барабаните ја нема Барселона која не ја мина групната фаза. Во осминафиналето најмногу екипи пласман изборија од Англија (4), потоа 3 од Шпанија, 2 од Италија, Франција и Португалија и по една од Геррманија, Холандија и Австрија.

Ждрепката за двојките од оваа фаза на натпреаврувањето ќе биде полуфиригирана, а тоа значи дека клубови од иста група во лигашкиот дел и од иста земја не може да се сретнат еден против друг. Екипите кои изборија пласман, прво и второ пласираните тимово од осумте групи се поделени во два „барабани“.

Барабан 1: Манчестер сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Лил, Јувентус

Барабан 2: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг, Интер, Бенфика, Виљареал, Салцбург, Челзи

 

Треба да знаете
Последни објави