Search

Тејлор Свифт ја тужат за плагијат

Славната музичарка Тејлор Свифт ќе мора да оди на суд за наводен плагијат.

Првите проблеми започнаа во 2017 година кога Шон Хол и Нејтан Батлер ја тужеа Свифт, тврдејќи дека дел од текстот на нејзиниот хит Shake It Off е преземен од песната Playas Gon ‘Play на групата 3LW, снимена во 2001 година.

Судијата ја отфрли тужбата во 2018 година, но жалбата на тужителите беше прифатена и таа ќе мора да оди на суд.

Судијата Мајкл В. Фицџералд во петокот го одби нејзиното барање да се поништи тужбата како неоснована. Иако судијата  призна дека разлики јасно постојат, тој додаде дека има доволно објективни сличности за да се оправда судење со порота, кое конечно ќе одлучи кој е во право.

Американски медиуми го делат мислењето на многумина и сметаат дека повеќе од очигледно ова е само обид да се извлечат пари.

Но, на крајот се зависи од судијата и од поротата, а проблем ќе биде ако одбраната не успее да ја убеди поротата бидејќи ќе се отвори вратата за други кои во иднина ќе сакаат да го искористат туѓиот успех на сличен начин.

Треба да знаете
Последни објави