Search

Роналдо и Меси на нов мегдан во осминафиналето од ЛШ

Пари Сен Жермен – Манчестер јунајтед е најатрактивната двојка во осминафиналето од фудбалската Лига на шампионите по ждрепката која беше извршена во Нион. Двајцата најдобри играчи на денешницата кои ја одбележаа изминатава деценија Кристијано Роналдо и Лионел Меси ќе имаат нов дуел овојпат како членови на англискиот и францускиот тим.

Најпосакубваниот ривал во денеѓното извлекување францускиот Лил го доби актуелниот европски првак Челзи. Атлетико Мадрид ќе има тешка задача да ја помине првата пречка од нокаут фазата бидејќи за противник ќе го има еден од првите фаворити за освојување на титулата Баерн Минхен. Двомечот меѓу Интер и Ајакс треба да биде еден од поинтересните, бидејќи и двата тима сезонава играат убав и напаѓачки фудбал.

Најтрофејниот со 13 европски шампионски титули Реал Мадрид доби лесен противник, португалска Бенфика. Среќа во ждрепката имаше и Манчестер сити кој за противник го доби освојувачот на Лига на Европа од минатата сезона Вилјареал, а добро помина и Ливерпул кој ќе се сретне со Салцбург. Италијанскиот шампион Јувентус ќе се сретне со португалскиот шампион Спортинг Лисабон.

Првите натпревари се играат на 15. и 16. феврурари, а сите патници во четвртфиналето ќе бидат познати по реванш-натпреаврите закажани за 16. март.

Двојки за осминафиналето

Бенфика – Реал Мадрид

Вилјареал – Манчестер сити

Атлетико М. – Баерн М.

Салцбург – Ливерпул

Интер – Ајакс

Спортинг Л. – Јувентус

Челзи – Лил

ПСЖ – Манчестер ј.

Треба да знаете
Последни објави