Search

Повторната ждрепка за осминафиналето од ЛШ донесе пресметка меѓу Реал Мадрид и ПСЖ

Денеска во Нион (Швајцарија) се одржа нова, повторнена ждрепка за осминафиналните двојки од елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите, откако пладневната беше поништена поради како што соопштија од УЕФА технички грешки со софтверот !?

Уште во осминафиналето според новата ждрепка ќе има повеќе интересни пресметки меѓу фаворитите за титулата меѓу претендираат кои целат да стигнат до финалето во Ст. Петербург.

Атлетико Мадрид го доби Манчестер јунајтед, Интер ќе се соочи со Ливерпул, а ПСЖ за ривал го има Реал Мадрид… Првите натпревари ќе се одиграат на 15/16/22/23 февруари, а реванш средбите на 8/9/15/16 март 2022 година.

Лига на шампиони – осминафинале, двојки: Салцбург – Баерн Минхен, Спортинг – Манчестер сити, Бенфика – Ајакс, Челзи – Лил, Атлетико Мадрид – Манчестер јунајтед, Виљареал – Јувентус, Интер – Ливерпул, ПСЖ – Реал Мадрид

Треба да знаете
Последни објави