Search

Партизан во КЛ за ривал ја доби Спарта Прага

И во третото, новоформирано европско клупско натпреварување Конференциската лига денеска во Нион се одржа ждрепката за плеј-оф фазата од нокаут-фазата каде ќе играат  второпласираните тимови од групната фаза и третопласираните од групите на Лига Европа.

Пред жрепката во групата на носители беа Макаби Тел Авив, Партизан, Бодо/Глимт, Рандерс, Славија Прага, ПАОК, Карабах и Витесе или Тотенхем. За случајот со Витесе/Тотенхем ќе одлучи дисциплинското тело на УЕФА.

Двојки за плејофот во КЛ: Олимпик Марсеј – Карабах, ПСВ Ајндховен – Макаби ТА, Фенербахче – Славија Прага, Митјиланд – ПАОК, Лестер – Рандерс, Селтик – Бодо Глимт, Спарта Прага – Партизан, Рапид Виена – Тотенхем/Витесе.

Првите натпревари ќе се одиграат на 17 февруари, а реванш средбите на 24 феврури 2022 година.

Победниците од овие мечеви ќе им се придружат на победниците од групната фаза во Конференциската лига во осминафиналето, каде се пласираа: ЛАСК, Гент, Рома, АЗ Алкмаар, Феенорд, ФК Копенхаген, Рен и Базел.

Финалето во ова ново натпреварување под капата на УЕФА ќе се одржи во Тирана (Албанија) на 25 мај 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави