Search

Македонскиот конзул во Хрватска, д-р Реџепи обвинет дека влијаел во постапката за старателството на синот на Северина

По шестмесечна истрага, Уредот за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) го обвини Гзим Реџепи (45), почесен македонски конзул и поранешен заменик-шеф на градската здравствена канцеларија и близок соработник на починатиот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, дека се обидел да влијае на експерт во постапката за старателство за синот на Северина и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. УСКОК извести за обвинението без да го наведе идентитетот на осомничените или други лица вклучени во постапката.

„По спроведување на истрага, УСКОК пред Жупанискиот суд во Загреб поднесе обвинителен акт против хрватски државјанин (1976 година) за сторено кривично дело тргување со влијание. Обвинението го товари обвинетиот дека во Загреб на крајот на август 2020 година со користење на овластувањата што несомнено ги ужива како член на градското собрание на Загреб и долгогодишен поранешен заменик-шеф на здравствената канцеларија во Загреб,како и дека е лице од доверба на тогашниот градоначалник на Град Загреб, се обидел да влијае на исходот од вештачењето во судска постапка пред Општинскиот граѓански суд во Загреб за промена на одлуката за родителска грижа и издршка.
Откако судот назначи двајца вештаци за вршење мултидисциплинарно психијатриско и психолошко вештачење за да се одлучи кој родител да живее со малолетното дете, обвинетиот иницираше средба со еден од назначените вештаци.
Тој е вештак кој е вработен, а воедно и заменик-директор на Психијатриската болница,чиј основач е градот Загреб, поради што обвинетиот можел да влијае на работењето на болницата во која се наоѓа овој вработен. При средбата, обвинетиот му кажал на вештакот дека е добар пријател со тужителот во наведената судска постапка, истакнувајќи ги неговите квалитети, донации и се што направил за градот Загреб и за него лично. Тој исто така му кажал дека тужителот е добар татко, индиректно алудирајќи на потребата да се направи наод во негова корист.
Тој побарал и од вештакот да го информира за одлуката што ќе ја донесе во случајот. Кога вештакот, не сакајќи да постапи спротивно на своето професионално убедување, туку своите наоди ги засновал исклучиво на правилата на професијата и состојбата на случајот, го известил дека одлучил да се повлече од случајот, обвинетиот изразил незадоволство од таквиот редослед на настани, објави Ускок.

Познатиот лекар специјлист и човек со организациски врски со дијаспората од Македонија, роден во тетовски Пирок по вторпат се соочува со истражни органи.
Првиот пат тоа беше поврзано со сомнежи за лажен исказ по ненадејната смрт на Бандиќ од масивен инфаркт, односно тој тврдел дека пиеле кафе кај заеднички пријател, додека пак во јавноста протекоа информации дека градоначалникот бил кај „блиска пријателка” и дека бил под дејство на кокаин. за што можеби Реџепи и добил симпатии кај дел од хрватската јавност која го оправдува сокривањето од семејството кое не е добро да дознае за „пријателката”, овојпат збор има специјално државно обвинителство УСКОК, односно Уред за сузбивање на корупција и организиран криминал.

Реџепи минатиот месец беше казнет со 5.000 куни и му беше одземена возачката дозвола на еден месец бидејќи со своето „Порше“ возел пребрзо од дозволеното по дел од автопатот А-1 кај Карловац. Настанот се случил на 19 септември минатата година во 20 часот и 41 минути, кога д-р Реџепи сè уште беше советник во Градското собрание на Град Загреб.
Според полицијата, тој се движел во правец на Загреб на 49-тиот километар од автопатот со брзина од 184,2 км/ч, на делница на која брзината била ограничена на 100 км/ч. Откако измерената брзина му била намалена со толеранција, односно евентуална грешка при мерењето, полицијата утврдила дека неговата брзина е 165 км/ч, што сепак била за 65 км/ч поголема од дозволеното.
На судското рочиште кое тогаш се одржа во Општинскиот суд за прекршоци во Загреб, тој изјави дека не се чувствува виновен. Тој вели дека бил на еднодневен семеен излет во Опатија, а потоа добил покана итно да се јави во Јордановац, каде требало да учествува на трансплантација на бели дробови, а како координатор на тимот таму бил многу потребен.

Треба да знаете
Последни објави