Search

Елмас со Наполи против Барселона, Адеми и Ристовски со Динамо на мегдан со Севилја во ЛЕ

Денеска со жрепка во Нион, седиштето на УЕФА се одредени двојките за плеј-оф во нокаут-фазата во второто по ранг клупско натпреаврување  Лига Европа, во кое мак-фудбалот ќе има свои претставници во четворица репрезентативци. Аријан Адеми и Стефан Риствоски сом Динамо Загреб, Елиф Елмас со Наполи и Бобан Николов со Шериф.

Пред жрепката во групата на носители се најдоа второпласираните од групната фаза на ЛЕ: Бетис, Динамо Загреб, Брага, Лацио, Наполи, Олимпијакос, Ренџерс и Реал Сосиедад. А во групата на неносители се третопласираните од групите на Лигата на шампионите: Аталанта, Борусија Дортмунд, Барселона, Лајпциг, Порто, Севилја, Шериф Тираспол и Зенит.

Шесткратниот освојувач на Лига Европа, Севилја за противник го доби Динамо Загреб на Адеми и Ристовски. Барселона предводена од тренерот Чави ќе ги одмери силите со Наполи на Елмас во сигурно најинтересниот пар. Молдавскиот Шериф Тираспол на Николов за пласман во осминафиналето ќе игра против португалската екипа на Брага.

Првите натпревари ќе се играат на 17 февруари, а реванш средбите на 24 февруари 2022 година, а победниците ќе се пласираат во осминафиналето.

Директно во осминафиналето како првопласирани во групната фаза на ЛЕ се пласираа: Лион, Монако, Спартак Москва, Ајнтрахт Франкфурт, Галатасарај, Црвена звезда, Баер Леверкузен и Вест Хем. Жрепката за осминафиналните двојки во ова натпреварување ќе биде на 25 февруари 2022 година.

Лига Европа – плеј-оф, двојки: Севилја – Динамо Загреб, Аталанта – Олимпијакос, Лајпциг – Реал Сосиедад, Барселона – Наполи, Зенит – Бетис, Борусија Дортмунд – Ренџерс, Шериф Тираспол – Брага, Порто – Лацио.

Треба да знаете
Последни објави