Search

(Видео) Леброн го среди Орландо, Далас победи првпат без Дончиќ во составот

Изминатава ноќ во најсината кошаркарска лига на светот -НБА се одиграа шест натпревари, а меѓу најинтересните според случувањата на паркетото беше дуелот во Лос Анџелес  каде Лејкерси го совлдатаа Орландо со 106:94. Предводник на ЛА Лејкерс беше Леброн Џејмс. Популарниот „крал“ кој ја игра деветнаесеттата сезона во најсилната кошарска лига го забележа третиот трипл дабл за оваа сезона со скор од  30 коша, 11 скока и десет асистенции.

Кошаркарите на Далас првпат оваа сезона победија во меч без словенечкиот интеранционалец Лука Дончиќ. Младата словенечката ѕвезда не беше во составот поради повредата на левиот скочен зглоб, но достојно беше заменет со Џејлен Брунсон, кој постигна 18 поени и реализираше девет скока и го предводеше Далас до победата над Оклахома со 103:84.

Резултати: Њујорк – Милвоки 97:112, Детроит – Бруклин 104:116, Оклахома сити – Далас 84:103, Сан Антонио – Њу Орлеанс 112:97, Портланд – Минесота 111:116. Лос Анџелес лејкерс – Орландо  106:94.

Треба да знаете
Последни објави