Search

(Видео) „Каде одиш, Аида?“ триумфира на Eвропските филмски награди

Босанскиот филм филм за геноцидот во Сребреница, Quo Vadis, Aida ? („Каде одиш, Аида?“) беше прогласен за најдобар европски филм на 34. издание на Европските филмски награди – признанија што ги доделува Европската филмска академија (ЕФА) –  познати како европски оскари.

Српската актерка Јасна Ѓуричиќ, која ја игра насловната улога во филмот, беше прогласена за најдобра актерка во Европа за 2021 година, а наградата за најдобра режија заврши во рацете на Босанката Јасмила Жбаниќ.

Режисерката ја посвети наградата на сите жени и мајки од Сребреница.

„Тие најдоа начин да изградат мир во уништена земја. Жените секогаш наоѓаат начин да го поправат нередот што го прават мажите. Се надевам дека оваа награда ќе ги мотивира жените кои снимаат филмови. Ние како филмаџии имаме одговорност да ѝ ја дадеме на публиката вистината. Можеби е тешко и неисплатливо, но тоа е наша должност,“ рече Жбаниќ откако ја прими наградата за најдобра режија.

Српската актерка Јасна Ѓуричиќ, која се закити со признанието најдобра актерка во Европа за 2021 година, изрази благодарност на целиот тим на филмот, на чело со режисерката.

„Сега имам доказ дека сум европска актерка. Прво сакам да се заблагодарам на тимот на Quo vadis, Aida?. Вие сте најдобрата екипа, секогаш ќе останете во моето срце. Благодарам на моето семејство, децата и сопругот “, рече Ѓуричиќ по врачувањето на наградата.

„Ми дадовте дадовте можност и простор конечно да кажам сè што чувствувам за војните во поранешна Југославија. Јасмила, ти благодарам што стапна таму каде што никој друг не се осмели да отиде. Ова е награда посветена на сите жртви и мајки“, рече таа.

Треба да знаете
Последни објави