Search

Атлас по 70 години пак е фудбалски шампион на Мексико

Шампионскиот пост на фудбалерите на мексиканскиот клуб Атлас, што траеше цели 70 години, заврши конечно во неделата, откако по подобро изведување на пенали славеа во финалето над екипата на Леон.

Откако во првиот натпревар на гостински терен загубија со 2:3, фудбалерите на Атлас во реваншот пред своите навивачи триумфираа со 1:0 и се изборија за продолжетоци, а потоа и пенали.

Јунак на вечерта беше колумбискиот голман Камил Варгас, кој одбрани два удари од белата точка, откако претходно Алда Роча во 55 минута го доведе Атлас во водство.

Својата прва шампионска титула во мексиканскиот фудбал Атлас ја освои во сезоната 1950/51.

Треба да знаете
Последни објави