Search

(Фото) Познатиот холивудски актер имаше 180 килограми, а сега се „преполовил“: Ослабнал 90 килограми и изгледа неверојатно

90-те се период на големи промени, како на политичката сцена, така и во популарната култура.

Тоа време е време на големи разлики, особено кога зборуваме за музиката, но и телевизиската програма која е богата со бројни ТВ серии и филмови, меѓу кои била и „Roseanne“.

А, едно од најпознатите лица во таа серија секако дека бил Џон Гудман, кој во последно време е во центар на внимание затоа што драстично го сменил својот изглед.

Имено, 69-годишниот актер долго време сме немале можност да го видиме во јавноста, а неодамна се појавил на промоцијата на серијата „The Freak Brothers“ во Лос Анџелес, па сите ги изненадил со својот изглед.

Иако во поголем дел од својата кариера неуспешно се борел со килограмите, очигледно дека сега конечно ја добил таа битка затоа што толку многу ослабнал што тешко е да го препознаете.

Како што наведува „Daily Mail“ актерот изгубил повеќе од 90 килограми, а својата трансформација ја започнал во 2017 година кога одлучил да се посвети на здравиот начин на живот, па се откажал и од алкохолот.

„Претходно во уста ставав сè што ќе се најдеше во моите раце“, раскажал тој своевремено за странските медиуми и се пофалил дека почнал да ги контролира порциите со храна и дека многу повеќе оди, а дури и вежба со личен тренер.

Да ве потсетиме, Џон во текот на својата кариера глумел во многубројни успешни филмски и телевизиски остварувања, а неговата најпозната улога е секако во серијата „Roseanne“ во која од 1988 до 1997 година го толкуваше ликот на Ден Конор.

Треба да знаете
Последни објави