Search

Азар не е среќен бидејќи од трибините стигна само до резерваната клупа на Реал Мадрид

Капитенот на белгиската фудбалска репрезентација Еден Азар далеку е од стартната постава на шпанскиот гигант Реал Мадрид, бидејќи Винисиус Жуниор сезонава игра добро. Белгиецот поради малерите со повредите по пристигнувањето од Челзи на „Сантијаго Бернабеу“ не се наметна меѓу „кралевите“, а сега откако го надмина здравстевениот проблем од трибините стигна само до резервната клупа, но не и на теренот. Не е среќен од ваквиот развој на настаните, па се погласни се гласините дека сака да си замине од Мадрид.

Азар според англиските медиуми сакал да се врати назад во премиерлигашка конкуренција. Водечките клубови на Острово не сакаат да ризикуваат со неговиот ангажман поради периодот со повредите, но интересот е се погоел од  помалите англиски клубови.

Според тамошните медиуми Евертон и Вест Хем се подготвени да му гарантираат првотимски статус на Азар, а во трката за неговиот потпис ќе се вклучи и  богатиот Њукасл, кој нема резултати но има пари и може да му понуди голема плата.

Реал Мадрид е подготвен да го продаде Азар за само 30 милиони евра, а со тоа ќе ги намали и давчките бидејќи неговата плата е 20 милиони евра годишно. „Кралевите“ од овој трансфер ќе имаат голен зијан, бидејќи му платија отштета од 115 милиони евра на Челзи пред две ипол сезони.

Треба да знаете
Последни објави