Search

Манчестер сити го искористи киксот на Челзи да се врати на лидерската позиција

Вотфорд не можеше да направи сензација против аклтуелниот шампион во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Манчестер сити, кој славеше победа како гостин со 3:1 во 15. коло и се искачи на лидерската позиција, откако досегашниот „ороводец“ Челзи во оваа рунда загуби како гостин од Вест Хем (3:2).

На „граѓаните“ им требаа само четири минути за да поведат на гостувањето, откако Рахим Стерлинг со глава го матираше голманот на дом аќините, а потоа Бернардо Силва испрати една топка во долниот лев агол од голот за предноста од 2-0.

Вотфорд немаше решение за разиграните „граѓани“, кои стигнаа и до 3-0 преку Силва во 63. минута, по што домаќините постигнаа само почесен гол во 74. минута за конечни 1-3.

 

Треба да знаете
Последни објави