Search

Будуќност го суспендира македонскиот репрезентативец Вајли

Натурализираниот македонскиот кошаркарски репрезентативец Џејкоб Вајли е суспендиран од својот клуб Будуќност од Подгорица, откако по паузата поради одигрувањето на мундијалските квалификациски натпреаври за „црвен-жолтите“ со Шпанија и Украина не се ставил на располагање на време кај црногорскиот лигаш.

Според неговиот менаџер Вајли го одложил доаѓањето во Подгорица поради лични – фамилијарни проблеми.

-Како клуб одлучивме да го суспендираме играчот, а јавноста ќе биде известена доколку има и понатамошни санкции, стои во соопштението на Будуќност.

Овој тим в понеделник ќе игра против Дерби СЦ во рамките на наредното коло од регионалната АБА-лига. Ова ќе биде прв дуел на две црногорски екипи во најсилното регионално кошаркарско натпреварување.

Треба да знаете
Последни објави