Search

Алтернатива: Алијансата за Албанците останува за нас политички партнер и соработник

Алтернатива со соопштение одговори на барањето на Алијанса за Албанците, нивниот довчерашен коалициски партнер, да одговори дали се уште е валиден договорот межу двете партии откако Алтернатива преговара за влез во Владата.

-По настанатата ситуација во јавноста за позицијата на Алтернативата на политичката сцена во државата, сакаме да објасниме дека Алтернативата продолжува да биде актер на политичката сцена во државата. Бидејќи веќе поминавме два изборни циклуси во коалиција со Алијансата за Албанците, нашата соработка всушност е достојно реализирана. Сепак, останува отворена можноста оваа соработка да продолжи и на следните избори кога и да се одржат. За нас Алијансата на Албанците не е противничка страна, затоа за нас не е најдобар начин на комуникација да пресметаме кој со кого и колку пати се сретнал, бидејќи така ќе станеме непотребни должници. Средбите и поддршката на владејачките партии е прашање кое никого не удостојува, бидејќи за нас Алијансата за Албанците е партија со која утре повторно можеме да имаме соработка и сакаме да оставиме простор и можности за комуникација и соработка. Сепак, и покрај јавниот став на Алијанса за Албанците, ние немаме куршуми за Алијансата за Албанците, туку ќе продолжиме да ги третираме за пријатели и соработници, велат од Алијанса.

Треба да знаете
Последни објави